Дома Трансфер зона Падна договор: Интер пронајде замена и за Хакими

Падна договор: Интер пронајде замена и за Хакими

Како што стојат работите замена за Ашраф Хакими во Интер ќе биде Дензел Дамфирс.

Фудбалерот кој вниманието на себе го сврте со одличните настапи на Европското првенство, но и со натпреварите за ПСВ се очекува да потпише за Интер за сума од 12.5 милиони евра, плус два како бонуси.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Во ПСВ веќе почнаа да се навикнуваат на животот без него и на таа позиција ги користат Филипо Мвне и Џордан Тезе.

Интер така пронајде замена и за Хакими, додека ќе потсетиме во нападот Лукаку ќе биде заменет од Един Џеко.

Јасно е дека Интер нема да има тим како во минатата сезона, но Дамфрис и Џеко би можеле да бидат сериозни засилување, ќе видиме како ќе се покажат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус испрати понуда за Томори, Милан спремен да ја прифати

Јувентус е во потрага по квалитетен дефанзивец, па откако пропадна трансферот на Араухо се…