Очекувано, Серхио Агуеро е избран за најдобар играч во Премиер лигата во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со отсуството на Габриел Хесус, Агуеро си го обезбеди местото во првиот тим на Манчестер Сити и под такви околности беше брилијантен.
„Граѓаните“ во јанауари славеа на три натпревари на својот „Итихад“ и го запишаа својот прв пораз во Премиер лигата на „Енфилд“, а Кун на четири натпревати постигна пет погодоци.
Во победата против Њукасл (3:1) постигна хет-трик, додека во победите на Втофорд и ВБА постигна по еден погодок. Во поразот од Ливерпул (4:3) не успеа да се запише во листата на стрелци.
Голема е веројатноста Агуеро за играч на месецот да биде избран и во февруари со оглед на тоа дека постигна четири погодоци во натпреварот против Лестер.
Your @EASPORTSFIFA Player of the Month for January is @aguerosergiokun! #PLawards pic.twitter.com/7P50l0giat
— Premier League (@premierleague) February 16, 2018