Дома Останати Кошарка НБА Охриѓанецот Осман на „Ол-Стар“ натпреварот ќе носи патики со македонско знаме! (ФОТО)

Охриѓанецот Осман на „Ол-Стар“ натпреварот ќе носи патики со македонско знаме! (ФОТО)

Кошаркарот на Кливленд Кавалерс, Чеди Осман кој е роден во Охрид како што е познато доби покана за настап на натпреварот на ѕвездите во подем кој ќе се одржи во првиот ден од Ол Стар викендот.

Осман има одлична сезона зад себе со постигнати 12.4 поени по натпревар, 4.7 скокови и 2.1 асистенции.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ова е втора година во која охриѓанецот Осман настапува во најсилната и најатрактивна кошаркарска лига во светот. Чеди се прикажува во одлично светло во дресот на Кливленд, а пред само неколку дена го имаше и својот најдобар натпревар против Мајами на кој постигна вкупно 29 поени.

Чеди Осман значително напредуваше во однос на минатата сезона кога бележеше само 8.5 поени по натпревар.

Натпреварот на ѕвездите во подем се игра вечерва со почеток во 03:00 часот по наше време.

Пред овој натпревар Осман ја израува македонската публика со изборот на патики кој го направи за овој натпревар.

Осман е роден во Охрид, но настапува за репрезентацијата на Турција, па се одлучи за големиот момент во неговата кариера да оддаде почит и на нашата земја каде што е роден и на Турција за чија репрезентација настапува.

На вечерашниот натпревар Осман ќе настапи во патики во боите на Македонија и Турција (на една едното знаме, на другата другото).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Грабеж во Англија: Хрвати го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл!

Хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години биле приведени во Англија како осо…