Дома Трансфер зона Официјално: Јувентус продаде напаѓач кој беше вишок за девет милиони евра

Официјално: Јувентус продаде напаѓач кој беше вишок за девет милиони евра

Јувентус продаде напаѓач кој ќе остане во Серија А.

Каљари го комплетираше трансферот, а „старата дама“ го потврди трансферот на Алберто Чери.

22 годишниот напаѓач од Каљари беше откупен за девет милиони евра и перманентно ќе стане играч на Каљари, клубот за кој досега настапуваше како позајмен играч од Јувентус.

Чери во Торино пристигна во 2015 година од редовите на Парма како слободен играч. Му се предвидуваше дека може да се избори за место во тимот на Јувентус, но конкуренцијата со текот на времето едноставно во Јувентус стана преголема.

Во дресот на Јувентус немаше некоја посериозна минутажа, а освен во Каљари беше испраќан и на позајмици во СПАЛ, Пескара и Перуџа.

Оваа сезона во дресот на Каљари одигра осум натпревари, но не успеа да се запише во листата на стрелци во првенството. Еден погодок постигна во Купот на Италија.

Каљари во овој момент се наоѓа на 14-тата позиција во италијанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Лукаку се врати во Интер, го избра бројот 90

Италијанскиот гигант Интер официјално го потврди враќањето на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меа…