Дома Фудбал Официјално: Шчесни го продолжи договорот со Јувентус!

Официјално: Шчесни го продолжи договорот со Јувентус!

Полскиот голман Војчех Шчесни го продолжи договорот со Јувентус до 2024 година.

Актуелниот договор на Шчесни истекуваше на лето наредната година, но според новито договор тој ќе остане во клубот до летото 2024 година.

Тој во Јувентус пристигна пред скоро три години и ова му е втора сезона во која е прв чувар на мрежата.

Во претходната сезона Шчесни прими 0.7 голови по натпревар со што го имаше најдобриот просек во Италија помеѓу голманите кои бранеле најмалку на пет натпревари. Пред Јувентус го бранеше голот на Арсенал, Брентфорд и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…