Францускиот репрезентативец Морган Шнајдерлин ги мина лекаските прегледи и потпиша четири и пол годишен договор со Евертон.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шнејдерлин е поранешен играч на Саутемптон, а од 2015 година беше во Манчестер Јунајтед но не успеа да се наметне ниту кај Луј ван Гал, ниту кај Жозе Мурињо.
Трансферот на Шнајдерлин изнесува 27,5 милиони евра. Евртон веднаш ќе плати 23 милиони евра, а преостанатите 4,5 милиони евра ќе бидат исплатени во зависност од бројот на настапите на Шнајдерлин во синиот дрес.
Морган Шнајдерлин во Евртон го задолжи дресот со бројот 2.