Дома Фудбал Останато Официјално: Шевченко избран за прв човек на украинскиот фудбал

Официјално: Шевченко избран за прв човек на украинскиот фудбал

Од денеска легендарниот Андреј Шевченко е нов претседател на Фудбалската асоцијација на Украина.

Изборот на Шевченко беше и очекуван на 25. конгрес на ФА, а фаворитската улога на украинската легенда се потврди откако за него гласаа 93 од 94 делегати.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


За прв потпретседател беше избран Павло Бојчук, додека негови соработници ќе бидат уште Сергеј Ребров и Олександар Шевченко.

„Украинскиот фудбал треба да биде достапен за сите, репрезентацијата е гордост на секој Украинец, сакаме и силни клујбови затоа ќе работиме според најдобрите светски методи за брз развој. Пред нас има многу работа“, изјави Шевченко по изборот.

Шевченко претходно беше и селектор на Украина, а седна и на клупата на италијанска Џенова. Во последниот период имаше понуди да се врати на тренерската работа, но се фокусираше на намерата да го води украинскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите разочарани: Мбапе донел важна одлука

Килијан Мбапе според последните информации донел одлука да ја стави репрезентацијата на Фр…