Дома Фудбал Англија Официјално: Челзи НЕМА да купува играчи ова лето!

Официјално: Челзи НЕМА да купува играчи ова лето!

0

Стана сигурно дека Челзи ова лето нема да може да купува нови фудбалери, откако беше казнет од страна на ФИФА поради неправилности при трансфери на млади фудбалери.

Откако „сините“ ја загубија жалбата на една инстанца, испратија жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Меѓутоа, од таму денес изјави дека случајот нема да биде разгледуван од 14-ти август, а трансфер пазарот во Англија завршува на 8-ми август.

Санкцијата нема да важи за веќе купените играчи на Челзи, како што е случајот со Кристиан Пулишиќ кој пристигна од Борусија Дортмунд.

Исто така „сините“ ќе можат да ги откупат фудбалерите кои се на позајмица од претходната сезона, како што е случајот со Матео Ковачиќ.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уругвај – Еквадор: Суарез и дружината ја започнуваат борбата за престижниот трофеј

Во Минеирао доцна во ноќта помеѓу недела и понеделник играат Уругвај – Еквадор. Копа Амери…