Тотенхем беше еден од ретките клубови кои не донесе ниту едно засилување во летниот преоден рок, па раководството сака да ја поправи грешката во јануари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат англиските медиуми „спарси“ веќе го договориле првото зимско засилување, а станува збор за ѕвездата на Бока Јуниорс, Вилмар Бариос.
Станува збор за 25-годишен колумбиски репрезентативец кој од 2016 година игра за славниот аргентински клуб.
Бариос може да игра на сите позиции на средината на тренот, а по потреба дури и како десен бек, а неговите агенти веќе постигнале договор со Тотенхем.
Двата клуба се во завршини преговори и трансферот би требало да изнесува 23 милиони евра, а играчот во јануари ќе се пресели во Лондон.