Дома Фудбал Официјално: Тотенхем го отпушти Нуно Еспирито Санто

Официјално: Тотенхем го отпушти Нуно Еспирито Санто

Португалскиот тренер Нуно Есипирито Санто е отпуштен од менаџерската позиција во Тотенхем после серијата лоши резултати и саботниот пораз од Манчестер Јунајтед.

Тотенхем се огласи преку официјално соопштение во кое ја објави одлуката за отпуштање на поранешниот менаџер на Вулвс. По повод смената на Санто после само четири месеци се огласи и спортскиот директор Фабио Партичи.

„Знам колку Нуно со својот стручен штаб сакаше да успее и жал ми е што моравме да се одлучиме на овој чекор. Нуно е вистински џентлмен, секогаш е добредојден тука. Му се заблагодаруваме за се и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во изјавата на Партичи на официјалниот сајт на Тотенехм.

Тотенхем пред два дена беше поразен од Манчестер Јунајтед со 3:0 и тоа очигледно го вклучи алармот во Лондон. Во овој момент како главен кандидат за негов наследник се споменува Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите не му веруваат на Дортмунд: Ковач пред речиси невозможна мисија во Минхен

Баерн и Борусија го чекаат дербито израмнети на врвот, но Матеус и Самер гледаат огромна р…