
Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Стојановски и официјално е нов играч на Шкендија.




Стојановски по три години се враќа во Македонија, откако во 2019 година за 1,5 милиони евра беше продаден во Ним, а една година беше на позајмица во Шамбли, по што заигра и за хрватска Горица.




Клубот од Тетово денес и официјално го претстави Стојановски, кој треба да биде големо засилување.
Коментари