Дома Македонски спорт Мак баскет Официјално: Стопирана и кошарката на неодредено време!

Официјално: Стопирана и кошарката на неодредено време!

Коронавирусот направи вистински хаос во Европа, а сега започнува да прави поголеми проблеми и кај нас.

Како и Фудбалската федерација на Македонија, така и кошаркарската ги суспендираше сите категории под нејзина надлежност на неодредено време.

„Земајќи ја предвид моменталната состојба со појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19), како и препораките на Владата на РСМ и Светската Здравствена Организација, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија објавува дека сите натпревари во организација на федерацијата од денеска, четврток, 12 март 2020 година со одложуваат на неодреден временски период.

КФСМ ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и ќе ги оценува опциите за продолжување или не, на соодветните натпревари кога и ако ситуацијата тоа го дозволи“, стои во соопштението.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Четири клуба во Серија А целосно ги стопираа платите: Елмас и Пандев помеѓу погодените!

Пандемијата од коронавирусот го стопираше фудбалот во цела Европа (освен Белорусија). Оваа…