Дома Фудбал Официјално: Солскјер не е повеќе тренер на Манчестер Јунајтед

Официјално: Солскјер не е повеќе тренер на Манчестер Јунајтед

Тоа што се најавуваше од синоќа сега доби официјална потврда, Оле Гунер Солскјер не е повеќе тренер на Манчестер Јунајтед.

Поразот од Ватфорд (4:1) ја прели чашата, па синоќа бордот на директори и сопствениците Глејзер донесоа одлука да му врачат отказ на Солскјер.

Според англиските медиуми, Солскјер ќе инкасира обештетување од 7,75 милиони фунти како компензација за предвремениот отказ. 

Од клубот потврдија дека Мајкл Карик ќе го води тимот во следните натпревари додека раководството бара привремен тренер до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…