Дома Фудбал Официјално: Салиба стави потпис на нов договор

Официјално: Салиба стави потпис на нов договор

Вилијам Салиба и официјално стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста со Арсенал до 2027 година.

Французинот минатата сезона се етаблираше во еден од најважните играчи во тимот на Артета.

Според многумина, токму неговата повреда поради која ги пропушти последните 12 натпревари од минатата сезона беше една од причините зошто Арсенал ја загуби битката за титулата.

Арсенал долго време преговараше со неговите агенти, па двете страни конечно најдоа заеднички јазик.

Салиба доби нов договор до 2027 година и значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го посакува Гави, но Барселона не сака да слушне за продажба

Астон Вила ја разгледува можноста да го доведе Гави, но неговиот договор до 2030 година и …