Дома Фудбал Официјално: Прекинато белгиското првенство – Бриж е шампион!

Официјално: Прекинато белгиското првенство – Бриж е шампион!

Сезоната во белгиската Про Лига и дефинитивно нема да се доигра, а Клуб Бриж е прогласен за белгиски шампион.

По неколку недели размислување и дебата, Генералното собрание на белгиското првенство донесе одлука сезоната да се прекине.

Клуб Бриж ја освои шампионаската титула, а останатите места се доделени според моменталната табела пред да биде прекинато првенството.

Екипата на Беверен испадна од лигата, а следната сезона ќе се игра плејоф меѓу првите четирипласирани тимови од регуларниот дел на сезоната.

Пред белгиската лига иста одлука за прекин на сезоната донесоа првенствата во Холандија и Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…