Дома Македонски спорт Официјално: Пред Светското првенство потврден трансферот на Кузмановски во Германија

Официјално: Пред Светското првенство потврден трансферот на Кузмановски во Германија

0
kuzmanovski

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски од јуни ќе го носи дресот на германски Магдебург.

Денес германскиот тим официјално го потврди договорот со бекот на Еурофарм. Кузмановски со Магдебург веќе потпишал предговор.

Тој сезоната ќе ја заврши во Еуфорам, а потоа се сели во Германија каде што се обврзал на верност од три години. Во својата кариера Кузмановски претходно го носеше дресот на Металург и Пелистер.

„Среќни сме што се договоривме со Филип Кузмановски, тој е ден од најталентираните бекови во Европа. Има само 22 години, но и покрај тоа со себе носи големи искуство од големи натпреварувања“, изјави тренерот на бундеслигашот, Бенет Веигерт.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

На турнир во бразилска џиу џица македонската репрезентација се пласираше на 3 место

На турнир во бразилска џиу џица македонската репрезентација се пласираше на 3 место, a 14 …