Дома Фудбал ОФИЦИЈАЛНО: Потврден уште еден потпис на „Камп Ноу“

ОФИЦИЈАЛНО: Потврден уште еден потпис на „Камп Ноу“

Попладнево Барселона ги израдува своите навивачи со официјалното соопштение во кое потврди дека францускиот дефанзивец, Самјуел Умтити го продолжил договорот до 2023.година со порака:

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Заедно сме посилни“

Поточно со него е постигнат дефинитивен договор, а како што се наведува на официјалниот клупски сајт, Умтити својот потпис на новиот договор ќе го стави утре во 10 часот на „Камп Ноу“. Половина час подоцна ќе биде оддржана конференцијата за медиумите, кога Умтити ќе и се обрати на јавноста.

Французинот има 24 години, во Барселона пристигна пред две години, во јули 2016. година од Лион каде и се прослави, а во изминатата сезона во Барселона одигра вкупно 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао се пожали за тоа што му се случувало во Милан и откри каде сака да продолжи

Рафаел Леао веќе потврди дека ќе го напушти Милан ова лето, а сега откри и каде би сакал д…