Дома Македонски спорт Официјално: Потврден трансферот на Лука Станковски

Официјално: Потврден трансферот на Лука Станковски

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Лука Станковски од денес и официјално е нов член на тимот Раднички 1923 од Крагујевац.

Станковски во турски Газијантеп не доби премногу простор за игра, а во последните шест месеци минатата сезона беше дел од Тузласпор од втората лига. Сега кариерата одлучи да ја продолжи во Србија.

„Ми одговара офанзивниот фудбал кој го игра Раднички и се надевам на добри резултати во сезоната“, изјави Станковски за официјалната страна на клубот.

Во редовите на Раднички, Станковски пристигнува како замена за фудбалерот Милан Алексиќ кој направи трансфер во Англија во редовите на Сандерленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот со Словенија во Љубљана

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека во продажба се пуштени билетите за…