Поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација, Раул Гонзалес ќе биде селектор на Србија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанскиот стратег кој со Вардар беше европски шампион во 2017 година ќе ја преземе репрезентацијата по завршувањето на актуелната сезона во тимот на ПСЖ.
„Договорот со Раул Гонзалес беше потпишан по натпреварот против Италија и тој стапува на сила на 1 јули 2025 година од моментот кога ќе нема обврски кон ПСЖ.
Вакумот кој го имаме до моментот кога тој ќе ја преземе селекцијата ќе го искористиме да ја решиме ситуацијата со Борис Ројеевиќ и да го пронајдеме вистинското решение во квалификациите за Европското првенство“, изјави генералниот секретар на Ракометната федерација на Србија, Иван Миливојевиќ.
Така Србија на Европското првенство ќе мора да се пласира без Раул затоа што последните натпревари се играат во март и мај.