Дома Фудбал Официјално: Пиоли доби отказ од Милан!

Официјално: Пиоли доби отказ од Милан!

Се најавуваше дека Стефано Пиоли ја одработува последната сезона на клупата на Милан, а сега тоа и официјално е потврдено.

Договорот на Пиоли со Милан беше до јуни 2025 година, меѓутоа двете страни сега одлучија дека е време за разделба. На клупата на Милан Пиоли пристигна во октомври 2019 година како привремено решение, но по добрите резултати доби долгорочен договор.

Во сезоната 2021/2022 успеа да на Милан да му го донесе и Скудетото на кое клубот чекаше цели 11 сезони.

Засега се уште не е потврдено кој ќе биде новиот тренер на „росонерите“, но за најголем фаворит важи Пауло Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…