Дома Останати Кошарка Официјално: Перо Антиќ избран за нов претседател на МКФ

Официјално: Перо Антиќ избран за нов претседател на МКФ

0

Македонската кошаркарска легенда, Перо Антиќ денеска беше избран за нов претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.

Антиќ како единствен кандидат беше избран на Собранието кое денеска се одржи во „Сквер 21“ во Скопје. Инаку, Антиќ беше единствен кандидат откако претходно од трката се откажаа Владимир Темелковски и Петар Наумоски.

Антиќ кој беше предложен од 15 членки, а поддржан речиси од сите ќе биде деветиот претседател на МКФ.

Новиот претседател побара дополнителни 15 дена за формирање на Управниот одбор и Надзорниот одбор.

Во комбинација за негови соработници се споменуваат Тодор Гечевски, Владимир Георгиевски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Марин Докузовски…

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ОФИЦИЈАЛНО: ФИФА го избра Меси за најдобар!

Денеска се одржа церемонијата за доделување на наградата на ФИФА за најдобар фудаблер во с…