Долго траеше трансфер сагата со Илија Несторовски, а на крајот таа е завршена со трансфер на македонскиот напаѓач во Асколи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Несторовски потпиша договор на две години со италијанскиот второлигаш откако неколку дена наназад се случуваше вистинска трансфер сага.
Прво изгледаше дека е завршен трансферот во Тернана, потоа во прв план се појави Козенца, па и шпекулации за можен трансфер во Бразил во Сантос, но на крајот Асколи излезе како победник во трката.
Во Асколи пристигнува откако му истече договорот со Удинезе како слободен играч, Несторовски во Италија настапува во изминатите шест години и фудбалот на „чизмата“ му е добро познат.