Тотенхем и Бенфика денес официјално го потврдија трансферот на младиот Португалец, Жедсон Фернандеш во тимот на Мурињо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За Фернандеш интерес покажуваа неколку клубови од Премиер лигата, но на крајот Мурињо ја победи конкуренцијата и Португалецот пристигна во северен Лондон.
Фернандеш минатата сезона блесна во дресот на Бенфика, па неговите партии не останаа незабележани од големите европски клубови.
Играчот за врска пристигна на 18-месечна позајмица со опција за откуп од 65 милиони евра и е првото засилување за Мурињо во Тотенхем.
Мурињо имаше потреба од играч за врска бидејќи не може да смета на Муса Сисоко поради повреда, а Ериксен е на излезна врата.
?? #BemVindoGedson ?? pic.twitter.com/ZibMjeBCJG
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 15, 2020