Дома Топ вести Официјално: Манчестер Јунајтед го потврди засилувањето од 55 милиони евра!

Официјално: Манчестер Јунајтед го потврди засилувањето од 55 милиони евра!

0

Maнчестер Јунајтед го потврди засилувањето од 55 милиони евра!

Како и што беше најавен претходно нов фудбалер на Манчестер Јунајтед Арон Ван-Бисака.

Овој 21 годишен дефанзивец на „Олд Трафорд“ пристигнува од редовите на Кристал Палас за сума од 55 милиони евра, а Палас ќе добие и 10% од сумата од наредниот трансфер на Бисака.

Позицијата на Бисака е десен бек, имаше одлична сезона во Палас и поради тоа бројни клубови покажаа интерес за неговите услуги. Манчестер Јунајтед на крајот беше најупорен во намерата и го доведе во своите редови.

Долго време преговараа со клубот од Лондон, но на крајот се постигна договор.

Дефанзивецот во Јунајтед ќе добива плата од 80.000 евра неделно.

Тој е второто засилување за Солскјер во овој преоден рок после Даниел Џејмс кој од Свонси пристигна за 20 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

Бразилецот Родриго Гоес стигна во Реал Мадрид летово за 45 милиони евра од Сантош како фуд…