Дома Македонски спорт Официјално: Македонскиот голман Дејан Илиев има нов клуб

Официјално: Македонскиот голман Дејан Илиев има нов клуб

Повремениот македонски репрезентативен голман, Дејан Илиев пронајде нов ангажман и кариерата ја продолжува во Финска.

Од денес Илиев е нов член на финскиот прволигаш Хелсинки. Илиев стави потпис на договор на една година со можност истиот да биде продолжен на уште една.

Во својата кариера 27-годишниот Илиев од 2017 година беше член на Арсенал, но не успеа да се избори за шанса во првиот тим. Серед, Јагелонија, Шрусбери, Орион и Тренчин се останатите клубови каде што настапуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Четири клуба во план за враќањето на македонската хокеарска лига

Македонската Екстралига во хокеј на мраз е најавена за јануари 2027 година, со учество и н…