Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Македонската прва лига ќе се пренесува на Арена Спорт и МТВ!

Официјално: Македонската прва лига ќе се пренесува на Арена Спорт и МТВ!

Maкедонската прва фудбалска лига од наредната сезона ќе имаме можност да ја гледаме на ТВ екраните и тоа во директни преноси на Арена Спорт и МТВ.

ФФМ и Арена Спорт потпишале договор на две години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арена Спорт ќе ги има екскулузивните права и од Купот на Македнија, а од првенството ќе пренесува по два натпревари во коло (сабота и недела). Во проектот влегува и македонскиот национален сервис кој исто така ќе пренесува по два натпревари во коло (сабота и недела) и ќе ја покрива територијата на Македонија со преноси и коментар на македонски јазик.

„По успешните преговори, задоволство е да објавиме дека постигнавме договор околу телевизиските права за натпреварите од 1 МФЛ. Добивме понуда и правата ги отстапуваме на Арена Спорт. Со ова праќаме широка порака. Ова е порака дека фудбалот го враќаме на телевизија низ директни преноси, свесни за важноста на нашата соработка со Арена Спорт како водечки регионален спортски канал и МТВ како Национален сервис. Од друга страна, ова е голема можност и за клубовите, не само поради тоа што сега се ослободени од плаќање котизација за настап во домашниот шампионат, туку многу повеќе, заради вниманието кое ќе го добијат и можноста за своја промоција во секоја смисла. Со емитувањето на регионален канал се зголемува и одговорноста кај нив, но и кај судиите и сите други чинители. Наша задача е да го чуваме имиџот и вредностите на нашиот фубал и да работиме да биде уште поуспешен и попопулареен. ФФМ останува сервис на клубовите за подобрување на имиџот и што е можно подобра презентација на домашната лига. Само заеднички можеме да му покажеме на регионот дека и во нашата држава има силни екипи, добри фудбалери и квалитетен фудбал, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …