Македонија и дефинитивно во плеј-офот за пласман на Светското првенство ќе биде без Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се најавуваше дека ФИФА можеби ќе ги поништи суспензиите за баражот, но тоа не се случи. Светската фудбалска организација одлучи да ги поништи картоните ама не и суспензиите. Поништени се само картоните на играчите кои беа под закана за суспензија со евентуален жолт картон да го пропуштат финалето.
За жал играчите како Елмас и Костадинов кои веќе имаат по два жолти картони и еден црвен од тие 12 селекции во баражот нема да бидат достапни за полуфиналето.
Натпреварот со Италија го играме на 24. март.