Лидс потврди дека нов тренер на екипата ќе биде Џеси Марш.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англискиот клуб објави дека Американецот потпишал договор до 2025 година и ќе дебитира на клупата веќе во сабота против Лестер. Овој 48-годишен стратег во кариерата ги предводеше Ди-Си Јунајтед, Чикаго, Чивас и Њујокр Ред Булс, а потоа пристигна во Европа на клупата на Салзбург во 2019 година




После двете импресивни сезони Марш доби понуда од Лајпциг, но на клупата на германскиот клуб остана само од јули до декември 2021 година.




До крајот на Лидс го чека жестока борба за опстанок после четири порази во низа. Лидс се наоѓа на 16. место на табелата со 23 освоени бодови.