Дома Фудбал Официјално: Ливерпул ја започнува сезоната со дерби во крајот на август

Официјално: Ливерпул ја започнува сезоната со дерби во крајот на август

Првиот натпревар на сезоната во Англија, англискиот Суперкуп или „Комјунити Шилд“ ќе се одигра на 29-ти август, потврдија денес од Фубдалската асоцијација.

На натпреварот на „Вембли“ сезоната ќе ја отворат актуелниот шампион Ливерпул со победникот од финалето нд ФА Купот, Челзи или Арсенал.

Натпреварот ќе биде две недели пред стартот на сезоната во Премиер лигата, односно 12 август. Ливерпул веќе една недела е на одмор, додека на Челзи му претстои најмалку еден дуел во ЛШ, гостување кај Баерн на 8-ми август.

Постои можност на мечот на Вембли на 29-ти август да биде допуштено одреден број на гледачи. Планот е да се започне со 30% од капацитетот и постепено да се зголемува до 1 октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…