ПСЖ денес го официјализраше трансферот на ветеранот Ласана Диара.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите во текот на вчерашниот ден го „уловија“ Диара како излегуваа од една болница во Париз, а потоа беше потврдено дека токму таму овој фудбалер ги поминал медицинските прегледи со ПСЖ.
Диара во својот последен клуб Ал Џезира имаше проблеми со левото колено и поради тоа овој клуб не го продолжи договорот со ветернот кој во својата кариера помеѓу останатите клубови настапуваше за Реал Мадрид, Арсенал и Челси.
Токму овие проблеми со коленото беа причината поради кои во ПСЖ размислуваа дали да го доведат, но на крајот после тестовите се покажа дека Диара е спремен за игра.
Французинот со ПСЖ потпиша договор на една ипол година.
? DEAL DONE: PSG have completed the signing of Lassana Diarra on a one-and-a-half year deal. (Source: @PSG_inside) pic.twitter.com/YkQGMaD77H
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 23, 2018