Дома Македонски спорт Официјално: Кире Марковски потпиша за Карвина од Чешка

Официјално: Кире Марковски потпиша за Карвина од Чешка

Повремениот македонски репрезентативец Кире Марковски денес пронајде нов клуб.

Од денес Марковски е нов играч на Карвина од Чешка. Поранешниот играч на Работнички со Карвина имаше договор од поодамна, а денес се официјализираше.

Македонскиот фудбалер ја даде и првата изјава како член на Карвина.

„Доаѓам во организиран клуб со одлична инфраструктура и супер стадион. Верувам дека направив вистински избор“, изјави Марковски.

Пред да потпише за Карвина тој го носеше дресот на Работнички, АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Никовски и Поп Арсова Рашиќ ја предводеа жетвата на титули на Олимп во крос-кантри

Битолски Олимп го заврши националниот шампионат во Скопје со шест златни и еден сребрен ме…