Дома Топ вести Официјално: Каи Хаверц е играч на Челзи

Официјално: Каи Хаверц е играч на Челзи

Долгонајавуваниот трансфер конечно доби официјална потврда, Каи Хаверц е најскапиот фудбалер во историјата на Челзи.

Германскиот репрезентативец денес успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на договор со Челзи до 2025 година.

Челзи долго време водеше преговори со Баер Леверкузен и на крајот конечно двете страни најдоа заеднички јазик за трансфер тежок 100 милиони евра. „Сините“ ќе платат 80 милиони евра плус 20 милиони во име на бонуси следните години.

„Многу сум среќен и горд што сум тука. За мене е остварување на сонот да играм за клуб голем колку Челзи и не можам да дочекам да ги запознаам сите фудбалери и тренерот“, изјави Хаверц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ленгле се сели во Серија А

Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле, пренесува каталон…