Дома Трансфер зона Официјално: Денис Суарез пристигна во Арсенал

Официјално: Денис Суарез пристигна во Арсенал

Арсенал и официјално денес го комплетираше трансферот на играчот за врска на Барселона, Денис Суарез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот плејмејкер пристигна на „Емирати“ на позајмица до крајот на сезоната, а „топџиите“ ќе имаат опција да го откупат неговиот договор на лето.

Пред договорот да биде финализиран, Суарез го продолжи договорот со Барселона за 12 месеци, до 30 јуни 2021 година, а Арсенал доколку сака да го задржи играчот ќе треба да плати 20 милиони фунти.

Интересно, доколку трансферот стане перманентен 4 милиони фунти ќе завршат во касата на Манчестер Сити. Причината за ова е клаузула во договорот помеѓу Сити и Барселона во 2013 година. Според неа „граѓаните“ треба да добијат 20% од износот при меѓународен трансфер на Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…