Дома Фудбал Останато Официјално: Големиот Икер кажа крај!

Официјално: Големиот Икер кажа крај!

Икер Касиљас и официјално објави крај на кариерата на 39 години.

Легендарниот шпански голман бранеше во Порто од кој се прости со двојна круна. Во пензија Касиљас оди после 21 година професионална кариера која ја започна во Реал Мадрид Ц од каде што стигна до првиот тим.

Касиљас во 2019 година преживеа срцев удар на тренингот на Порто.

„Од срцевиот удар некои работи се променија, посебно во мојата глава. На секој момент почнав да му давам поголемо внимание. Започнав поинаку да гледам на животот затоа што некогаш не го цениме она што го имаме и не веруваме дека можеме другите да ги направиме среќни. После срцевиот удар еден месец се плашев да одам, спијам и да направам било каков физички напор. Беше тешко и се чувствував тажно. Меѓутоа сега е поинаку и добро сум. Ги слушам докторите и само тие можат да кажат што можам, а што не“, објави Икер.

За Реал Мадрид Касиљас настапи 725 натпревари од 1999 до 2015 година, а за Порто од 2015 до 2020 собра 156 натпревари. Дресот на шпанската репрезентација го носеше 167 пати, а беше и капитен на репрезентацијата со која го освои Мундијалот во 2010 и двете Европски првенства во 2008 и 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mурињо откри: Головите на Арената пред натпреварот не биле исти!

Вечерва Тотенхем ја победи Шкендија, а после натпреварот Мурињо откри чудна ситуација која…