Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадини во последните моменти од преодниот рок го комплетираше трансферот од Наполи во Саутемптон.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Повремениот италијански репрезентативец, Габијадини, незадоволен од третманот во Наполи, реши да ја прифати понудата на Саутемптон и да се пресели во Премиерлигата.
Напаѓачот кој сезонава постигна пет голови на 19 натпревари во тимот на Наполи, за сума од 16 милиони евра замина во Саутемптон.
25-годишниот фудбалер во кариерата играше во Аталанта, Цитадела, Болоња и Сампдорија, а има одиграно и шест натпревари за репрезентацијата на Италија.