Дома Фудбал Германија Официјално: Борусија Дортмунд ќе добие нов тренер!

Официјално: Борусија Дортмунд ќе добие нов тренер!

Eдин Терзиќ повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ потврдија дека тренерот кој ги донесе до финалето во Лигата на шампионите си поднел оставка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Терзиќ ја поднел оставката, а „Борусија не сакала да му стои на патот и истата ја прифатила.

„За мене е навистина болно што морам да го кажам ова, но се разделувам со Борусија Дортмунд. Ми беше чест што го водев клубот до финалето во Лигата на шампионите и што го освоив Купот во Германија. По натпреварот на „Вембли“ се сретнав со раководството и го известив дека треба да се започне нова ера со нов човек покрај аут линијата. На Борусија и посакувам се најдобро“, изјави Терзиќ.

Засега не е познато кој ќе биде наследник на Теризќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ѕвездата на Шпанија објави фотографија по операцијата, потврди дека не оди на Мундијалот

Фермин Лопез, офанзивниот играч за врска на шампионот на шпанската лига, Барселона, потврд…