Дома Трансфер зона Официјално: Балотели ќе игра во Турција

Официјално: Балотели ќе игра во Турција

Марио Балотели ќе игра за новиот турски прволигаш Адана Демирспор, потврди претседателот на клубот, Мурат Санџак.

Адана го освои првото место во ланската сезона во Втората турска лига, а следната сезона во своите редови ќе ја има италијанската ѕвезда.

Балотели ја заврши авантурата во Монца и како слободен агент беше во потрага по нов клуб, па се одлучи да се пресели во Турција.

Поранешниот фудбалер на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул потпиша договор на три години, а финансиските детали не се познати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Атлетико и Јувентус ја сакаат новата ѕвезда на Арсенал

Младата ѕвезда на Арсенал, Букајо Сака може да го напушти „Емирати“ следното лето. Интерес…