Колумбискиот репрезентативец Карлос Бака се врати во Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Виљареал, потврди денес шпанскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бака изминатите две години го носеше дресот на Милан, но „росонерите“ ова лето направија револуција во тимот и за Колумбиецот повеќе немаше место на „Сан Сиро“.
Виљареал ја искористи ситуацијата и го донесе Бака на едногодишна позајмица за која плати 2 милиони евра, а следното лето ќе има право да го откупи за додатни 16 милиони евра.
Бака во редовите на „жолтата подморница“ го задолжи бројот 9 и ќе треба да го замени Роберто Солдадо кој се пресели во Фенербахче.
Колумбиецот во Шпанија настапуваше за Севиља, каде се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи и две години со ред ја освојуваше Лигата Европа со тимот од Андалузија.