Дома Фудбал Официјални состави: Изненадувачки потези на двајцата селектори

Официјални состави: Изненадувачки потези на двајцата селектори

Селекциите на Шпанија и Франција вечерва ќе се соочат во првото полуфинале на Европското првенство.

Веќе се познати стартните постави, Де Ла Фунте поради суспензии не може да смета на двајца стартери Карвахал и Ле Норман, плус Педри кој е повреден, па се одлучи за искусните Навас и Фернандез.

Дешамп исто направи измени и ги остави Гризман, Турам и Камавинга на клупата, а во стартниот состав се враќа Рабио заедно со Коло Муаини.

Шпанија: Унаи Симон, Хесус Навас, Начо, Лапорт, Кукуреља, Родри, Фабиан Руиз, Дани Олмо, Ламин Јамал, Нико Вилијамс, Мората

Франција: Мањан, Кунде, Упамекано, Салиба, Т. Хернандез, Чуамени, Канте, Рабио, Дембеле, Коло Муани, Мбапе

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал би го продал Ѓокереш во 2027 година, но само под еден услов

Шведскиот напаѓач ја загуби предноста во однос на Хаверц, а според новите информации, Арсе…