Дома Трансфер зона Отпишаниот напаѓач во Реал си пронајде нов клуб?

Отпишаниот напаѓач во Реал си пронајде нов клуб?

Според шпанските медиуми, Маријано Дијаз ќе го напушти Реал Мадрид.

Кралскиот клуб го донесе овој фудбалер летото 2018. година од Лион, но тој во моментов е само трет избор во нападот, зад Карим Бензема и Лука Јовиќ.

Бидејќи ова не одговара на неговите амбиции, медиумите во Шпанија се убедени дека Дијаз е на излезната врата на Реал и дека доколку замине, тој ќе ја продолжи кариерата во Португалија каде што за неговите услуги интерес покажува Бенфика.

Пред неколку дена Бенфика ја напушти напаѓачот Раул де Томас, кој го засили Еспањол. Со оваа продажба тимот од Лисабон ја наполни касата за ново засилување, а тоа најверојатно ќе биде Дијаз.

Се уште не е познато дали Бенфика најпрво ќе го донесе Дијаз на позајмица или дали веднаш ќе го откупи неговиот договор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Знаете ли кој е единствениот тим без пораз во 2020 година?

Не е никој од Барселона, Ливерпул, Јувентус, Реал, ПСЖ, Баерн… Единствен непоразен т…