Дома Топ вести Откриен планот на Перез: Модриќ заминува, доаѓа замена од Премиер лигата

Откриен планот на Перез: Модриќ заминува, доаѓа замена од Премиер лигата

Претседателот Флорентино Перез е спремен да направи значителни промени на тимот по завршувањето на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Без разлика дали на кормилото ќе остане Сколари или ќе дојде нов тренер, јасно е дека на „кралевите“ им треба свежа крв и ќе направат значителни промени на тимот.

Шпанските медиуми тврдат дека Перез ќе му дозволи на Модриќ да замине бидејќи е веќе заситен и самиот сака да си оди. Но, „кралевите“ веќе ја пронајдоа замената за Хрватот, а тоа е Кристиан Ериксен.

Данецот на лето ќе влезе во последната година од договорот со Тотенхем, па „спарси“ ќе бидат приморани да го продадат, а Перез е спремен да понуди 60 милиони евра.

Покрај Ериксен, Реал ја сака и младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд кој оваа сезона е во „немилост“ на Мурињо. Англискиот репрезентативец добива мала минутажа и е спремен да ја промени средината, а неговата цена изнесува околу 60 милиони евра.

Рашфорд може да игра на повеќе позиции во нападот, а „кралевите“ се убедени дека пред него претстои блескава иднина.

Покрај овие двајца Реал Мадрид на лето сигурно ќе донесе и едно големо засилување во одбраната, а на мета се неколку врвни дефанзивци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…