Дома Фудбал Англија Откриено: Јирген Клоп бил најголема желба на Реал за наследник на Зидан

Откриено: Јирген Клоп бил најголема желба на Реал за наследник на Зидан

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој оваа недела наполни три години откако седна на клупата на клубот од „Енфилд“, бил примарна цел на Реал Мадрид минатото лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако Зидан на големо изненадување објави дека го напушта клубот, „кралевите“ веднаш започнаа да бараат негов наследник. Првите имиња кои беа поврзувани за наследник на Французинот беа Маурицио Покетино и Масимилиано Алегри.

Според „Мундо Депортиво“ ни еден од овие двајца не бил прва желба на Флорентино Перез, туку првото име на списокот било Јирген Клоп. Причината за тоа е атрактивниот фудбал кој го практукува Германецот.

Меѓутоа Клоп категорично ја одбил понудата со образложение дека е целосно посветен на работата во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на БиХ го најави натпреварот со Македонија: Ќе играме против квалитетна репрезентација!

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, најави дека неговата репрезентација со…