Дома Фудбал Откриено што планирал Тоти да направи на опрошталниот меч!

Откриено што планирал Тоти да направи на опрошталниот меч!

28-ми мај е датум кој со златни букви ќе остане запишан во историјата на Рома. На тој дан се прости ленегдарниот Франческо Тоти!

Темата за пензионирањето на Тоти нема да престане да биде актуелна се додека се појавуваат информации и занимливости за завршувањето на една голема кариера.

Имено, соиграчот на Тоти, Жуан Жесус откри што легендарниот капитен планирал да направи на опрошталниот меч.

„Беше тоа незаборавно простување. Цела недела беше нервозен поради тоа. Еден ден велеше дека ја завршува кариерата, другиот ден дека се предомислил и дека ќе продолжи да игра. Пред натпреварот со Џенова седеше со мене и Пероти во соблекувалната и ни откри дека ако добие шанса да шутира пенал, ќе ја испрати топката на трибините каде што се навивачите на Рома“, открива Жесус.

„Среќа немаше пенал за Рома на тој меч, па на рајот шутна на трибините потпишана топка. Тоти е навистина феноменален и заслужи многу повеќе од тој опроштален меч. Секогаш беше тука да им помогне на соиграчите“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…