Дома Фудбал Англија Откриено што му напишал Конте на Диего Коста!

Откриено што му напишал Конте на Диего Коста!

Диего Коста вчера јавно призна дека ова лето ќе го напушти Челзи и дека веќе бара нов клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, шпанскиот напаѓач призна дека менаџерот Антонио Конте преку СМС порака го известил дека нема да смета на него следната сезона.

Ова денес е главна тема во медиумите на Островот, кои меѓу другото ја открија и содржината на СМС пораката.

„Чао Диего, се надевам дека си добро. Ти благодарам што заедно поминавме една одлична сезона. Ти посакувам среќа за следната сезона, но не влегуваш во моите планови“, му напишал Конте на Диего Коста.

Медиумите пренесуваат дека оваа пораќа ќе го чини Челзи најмалку 10 милиони фунти, бидејќи сега цената на напаѓачот драстично се намали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…