Дома Останати Откриено против кого ќе се бори Конор: Повторно оди во бокс меч!?

Откриено против кого ќе се бори Конор: Повторно оди во бокс меч!?

0

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор се спрема за враќање на борбите.

Ирецот на Твитер неодамна објави датум за кој се претпоставува дека ќе се врати на борбите.

Меѓутоа медиумите сега откриваат дека Мекгрегор нема да се врати во ММА меч, туку во боксерска пресметка против боксерит Лук Келер.

Конор и Келер започнале преговори за борба на 14-ти декември, а наскоро би требало да стане јасно дали овие двајца ќе се борат на датумот кој го објави Конор (14-ти декември).

Келер претходно објави дека имал жесток судир со Мекгрегор преку телефон и дека се договориле за борба.

Ќе потсетиме, Мекгрегор веќе зад себе има еден бокс меч. Во спектакуларна борба во 2016 година беше поразен од легендарниот Флојд Мејведер.

Во тој меч Ирецот покажа завидно ниво на бокс, но едноставно беше премногу слаб за еден од најдобрите боксери на сите времиња. Сепак, против Келер сигурно има повеќе шанси. Овој боксер е сопственик на ВБО титулата шампион на Европа, а во кариерата има скор од 17 победи и два порази.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ривалите бараат да биде проверен моторот на Ферари!

Неколку Ф1 тимови официјално доставија писмено барање до Меѓународната автомобилистичка фе…