Дома Трансфер зона Откриено: Барса место да плати 100 милиони евра за Мбапе, платила 140 за Дембеле

Откриено: Барса место да плати 100 милиони евра за Мбапе, платила 140 за Дембеле

Раководството на Барселона преводено од Хозе Марија Бартомеу лошо работеше, па како резултат на тоа клубот дојде и на чекор да остане без Лионел Меси.

Сега е откриен уште еден лош потег на Бартомеу и соработниците. Имено, во 2017 година Барселона можела за 100 милиони евра го купи Килијан Мбапе, работата била скоро завршена, а тоа го потврди и еден од соработниците на Бартомеу, Хавиер Бордас.

Бордес разговарал со таткото на Килијан и му било кажано дека Мбапе не сака да оди во Реал затоа што во тој момент во нападот на „кралевите“ играа Роналдо, Бејл и Бензема. Од друга страна тогаш од Барселона замина Нејмар, па Мбапе сигурно дека ќе имал простор за игра.

Меѓутоа тогаш Барселона по размислување од неколку дена место да плати 100 милиони евра за Мбапе, плати 140 за Дембеле. Образложението било дека Дембеле е повеќе тимски играч од Мбапе.

Каков кикс…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Динамо има нов бисер: Барселона и два италијански клуба во битка за неговиот потпис

Oд поодамна е познато дека школата на Динамо е една од најдобрите во Европа. Невозможно е …