Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола продолжува да биде на врвот кога се во прашање најплатените тренери во Премиер лигата.
Потпишувањето на новиот договор на Микел Артета со Арсенал беше причина „Сан“ да објави листа на платите на менаџерите, а Артета се наоѓа на втората позиција.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Артета во Арсенал добива десет милиони евра сезона и тоа двојно помалку од платата која ја има Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. За водењето на тимот со кој доминира во Англија во изминатите години Пеп е платен 20 милиони по сезона.
На третото место е Унаи Емери на кого одлично му одеше во Астон Вила (осум милиони евра), птооа следи Ерик Тен Хаг со плата од 6.75 милиони евра и во топ 5 е уште наследникот на Клоп во Ливерпул, Арне Слот (6.2 милиони евра).
ПЛАТИ НА ТРЕНЕРИТЕ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА