Дома Фудбал Англија Откриени детали од договорот: Еве колку ќе заработува Санчо на „Олд Трафорд“

Откриени детали од договорот: Еве колку ќе заработува Санчо на „Олд Трафорд“

Џејдон Санчо е многу блиску до преселба во Манчестер Јунајтед, а медиумите денес ги открија и деталите од неговиот договор со „црвените ѓаволи“.

Имено, Санчо на „Олд Трафорд“ ќе заработува 340.000 фунти неделно и ќе стави потпис на 5-годишен договор.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во следните неколку дена треба да биде комплетиран трансферот. Двата клуба во момемнтов ги договараат деталите за тоа како треба да биде исплатена сумата од 120 милиони евра и колку од таа сума ќе биде исплатена преку бонуси.

„Црвените ѓаволи“ не сакаат првично да платат повеќе од 80 милиони евра, а останатите да бидат под форма на бонуси поврзани со индивидуалните и колективни постигнувања.

Санчо ќе стане еден од најплатените фудбалери на Манчестер Јунајтед, а и еден од најплатените во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ и Ла Лига со заедничка визија за развој на фудбалот во Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига најавија почеток на долгоро…