Напаѓачот на Ајнтрахт и српски репрезентативец, Лука Јовиќ е примарна трансфер цел на Барселона за летниот преоден рок, тврди доброинформираниот „Мундо Депортиво“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Весникот тврди дека Барселона во Јовиќ гледа долгорочна замена за 32-годишниот Луис Суарез, но исто така и двојно поефитина од Гризман чија цела изнесува 120 милиони евра.
Јовиќ е во сопственост на Бенфика, но Ајнтрахт има право да го откупи за 22 милиони евра, а неговата цена во моментов изнесува околу 60 милиони евра.
Србинот ја игра сезоната на кариерата и е вистинско откритие во Бундеслигата, а скаути на Барселона повеќе од 10 пати ги гледале неговите настапи и се убедени дека би бил одлична инвестиција.
За Јовиќ интерес покажувата уште неколку европски гиганти, но Барселона е во пол-позиција за неговиот потпис и веќе оствариле контакт како со неговите агенти, така и со германскиот клуб.

https://youtu.be/OFwVmycSwSA