Дома Топ вести Откриена листата: Ова се петте најплатени тренери на светот

Откриена листата: Ова се петте најплатени тренери на светот

Магазинот Франс Фудбал ја откри листата од пет најплатени фудбалски тренери оваа сезона. 

Изненадувачки, на првото место се најде Диего Симеоне, а следуваат Жозе Мурињо, Тиери Анри, Пеп Гвардиола и Ернесто Валверде.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


5. Ернесто Валверде (Барселона, 23 милиони евра)

На петото место на оваа листа е тренерот на Барселона Ернесто Валверде, кој заработува 23 милиони евра годишно. 55-годишниот тренер во февруари потпиша едногодишно продолжување на договорот со каталонскиот гигант, кој се уште се бори за тројната круна оваа сезона.

4. Пеп Гвардиола (Манчестер Сити, 24 милиони евра)

Пред моменталниот тренер на Барселона се наоѓа поранешниот тренер на Каталонците, Пеп Гвардиола, кој има плата од 24 милиони евра годишни во Манчестер Сити. Граѓаните имаат прилика да освојат четири трофеи до крајот на сезоната, а веќе го освоија ЕФЛ Купот победувајќи го Челси во финалето.

3. Тиери Анри (без клуб, 25,5 милиони евра)
Анри во првата сезона како тренер ќе остане запаметен како голема катастрофа, со оглед што му беше врачен отказ во Монако, но заработи 25,5 милиони евра.

Поранешниот напаѓач во Монако беше именуван за нов тренер во октомври, кога потпиша тригодишен договор, но не издржа долго. Доби отказ во јануари после само 20 натпревари, во кои славеа четири пати, пет пати одиграа нерешено и запишаа 11 порази.

2. Жозе Мурињо (без клуб, 31 милион евра)
„Специјалниот“ заработи 31 милиони евра во својата последна сезона на Олд Трафорд, но лошите резултати го чинеа отказ во декември, а на негово место седна Оле Гунар Солскјер. Тој неодамна призна дека одбил бројни понуди откако остана без работа и дека ја чека вистинската, а дали ќе ја добие останува да видиме.

1.Диего Симеоне (Атлетико Мадрид, 41 милион евра)
Да, добро прочитавте. Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е на врвот на листата со заработка од дури 41 милион евра. Тој со мадридскиот клуб потпиша нов договор во февруари, и тоа до летото 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…